Британскиот новинар предизвика „земјотрес“: „Надал не го победи најдобриот на светот туку најдобриот вакциниран тенисер...“

Супермен

31/01/2022

17:23

27.300

Големина на фонт

а а а

Во текстот „Триумфот на Рафаел Надал е восхитувачки, но отсуството на Новак Ѓоковиќ фрла неизбежна сенка“, Браун без влакна на јазикот ги анализирал настаните кои го одбележаа овогодишниот Австралија опен.

„Восхитувачки, за неверување: 21-та голема титула на Рафаел Надал, производ на неговата победа по 0:2 во сетови по речиси 15 години, е и повеќе од тоа. Сепак, би било мачно да се гледа директорот на турнирот Крег Тајли како се обидува да ужива во величање на Шпанецот. Токму умешноста на Тајли е во дебаклот со Новак Ѓоковиќ, ситуацијата во која деветкратниот шампион беше депортиран од Австралија и понижен, фрли сенка на еден од најголемите тениски подвизи“, истакнува Британецот.


Браун смета дека на Шпанецот му беше олеснат патот до трофејот:

„За да бидете најдобри, мора да го победите најдобриот, што е услов кој во ситуацијата на Надал остава најмала дамка покрај ова финале. Русинот не беше најдобар играч со кој можеше да се соочи. Тој беше најдобриот вакциниран играч. Најголемата опасност за шансите на Надал кон овој 21-ви гренд слем беше, како што на сите им е познато, 15.000 километри далеку, во Белград“.

Инаку, Надал двапати триумфираше на Австралија опен, а првиот трофеј го освои во далечната 2009 година. Од неговиот прв триумф во Мелбурн до денес, Новак освои дури осум трофеи на тој гренд слем.

„Тоа е тоа што достигнувањето на Надал го прави поразлично од неговиот триумф на Вимблдон во 2008 година кога од трон го симна тогаш неверојатниот Роџер Федерер.


Овојпат, бројот еден тенисер не беше присутен. Меѓутоа, поголем дел од тоа не е важно: консензус во некои делови на тенискиот свет е дека Ѓоковиќ е опасен антиваксер кој целосно го заслужува својот статус. Но, кога зборувате за трката за најголем тенисер на сите времиња, таквите пресуди се толку глупави и банални. Секој вистински вљубеник во овој спорт треба да сака Надал, Ѓоковиќ или Федерер сè уште да се борат за најголемите трофеи, а не величествено ривалство кое ќе го саботираат владите кои брзаат да ги демонизираат невакцинираните“, истакнува Браун.


Британскиот новинар смета дека директорот на Австралија опен, Крег Тајли, треба да поднесе оставка по сè што најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа во Австралија:

„Да го убедите најодликуваниот машки шампион дека имал медицинско изземање, а потоа да го намамите преку половина свет и потоа да седнете во фотелја додека австралиската влада се претвора во политички фудбал, претставува напуштање на раководството“, заклучил Браун.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk