Русинка споделила фотографија од оброкот кој со денови го добиваат во Пекинг: „Секој ден плачам, сакам ова да заврши“, легендата со одговор: „Би ѝ го отсекол јазикот“

Супермен

09/02/2022

15:25

20.112

Големина на фонт

а а а

Спортистите кои учествуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг, пред некој ден изразиле незадоволство од храната која се служи во олимпиското село.

Руската биатлонка, Валерија Васњецова, на 3 февруари на социјалните мрежи објавила и фотографии од „сиромашниот“ оброк и објаснила дека тоа веќе со денови на учесниците им е појадок, ручек и вечера.

Како што напишала, веќе со денови добиваат обични тестенини, препечено месо со коски, сос од домати, а зеленчук воопшто и да нема.


„Ме боли стомакот, бледа сум и имам големи црни кругови околу очите. Сакам ова да заврши. Секој ден плачам. Многу сум изморена“, напишала Васњецова и додала:

„Изгубив неколку килограми, ми се гледаат коските. Не можам да јадам ништо друго, не знам ништо за своите корона-тестови“, се жалела Русинката.

Освен на храната, олимпијците се жалеле и на многу ниските температури во текот на натпреварувањата, неразбирливите ковид-правила, лошиот интернет...

На сето ова одговорил легендарниот руски биатлонец Александар Тихонов (75), освојувач на четири златни медали на Игрите:

„Би ѝ го отсекол јазикот за таквите забелешки. На Олимписките игри во 1980 година живеевме во Америка како во затвор и никој не се жалеше. Таквите проблеми во тимот мора да ги решавате, а не да се жалите на интернет. Поради неа расположението во тимот е на најниско ниво“, изјавил тој за „Sport24“.

Потоа додал и дека со тоа таа ги деморализира руските спортисти и ја нарушува целокупната атмосфера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk