(Видео) Кој е човекот кој му пркоси на Путин? Се прославил свирејќи клавир со половиот орган, а сега е воен лидер...

Супермен

26/02/2022

17:08

25.471

Големина на фонт

а а а

Публиката во украинските телевизиски студија умира од смеење. Најпознатиот комичар во државата со своите колеги изведува точка во која со полов орган свират на клавир... Неколку години подоцна, тој човек е претседател на Украина.

Зеленски завршил правен факултет, станал една од најголемите актерски ѕвезди во државата, потоа и најпопуларен комичар во државата, а потоа и претседател на државата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (44), судејќи по сè е талентиран на повеќе полиња.

За своето водење на Украина во нејзините најтешки моменти од осамостојувањето засега добива пофални зборови од западните држави.

На Јутјуб постојат неколку видеа на кои денешниот украински претседател со колеги од комичарската група со полов орган свири на клавир додека публиката умира од смеење.

Видеата деновиве кога Европа влезе во воена состојба, станаа вистински хит на социјалните мрежи.

„Горди сме на разните таленти на нашиот претседател“, пишуваат под видеото фановите.


Видеото настанало пред околу пет години додека Зеленски не бил во светот на политиката. Тогаш, меѓудругото глумел и професор кој еден ден се разбудил и открил дека станал претседател на Украина. Тоа всушност се остварило во 2019 година, кога поголем дел од Украинците застанаа на негова страна.

Ова не е првпат поранешен актер да е на висока политичка функција.

Роналд Реган пред претседателството глумел речиси во 20 филмови, додека пак поранешниот калифорниски гувернер Арнолд Шварценегер со спасуваше светот како Терминатор.

Кога станува збор за неговиот приватен живот и детство, не постојат премногу достапни информации. Познато е дека татко му Александар бил професор на економскиот факултет, а неговата мајка Рима работела како инженер.

Во 2003 година Зеленски се венчал за љубовта на својот живот, а тамошните медиуми пишуваат дека тоа било љубов на прв поглед.

Една година подоцна откако го изговориле судбоносното „да“, на свет стигнала нивната ќерка Александра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Која е првата дама на Украина? 100% е посветена на својот сопруг, но Зеленски никогаш од неа нема да побара совет: „Не сум имал проблем со девојки, но одеднаш - тврд орев“



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk