Вака изгледа телото од жената на која мажите не можат да ѝ одолеат: Има 47 години, но во бикини и натаму е вистински секс-симбол

Супермен

28/03/2022

22:04

45.005

Големина на фонт

а а а

Лариса Пипен (47) и реалити ѕвезда, е една од најдобрите поранешни пријателки на Ким Кардашијан и поранешна сопруга на НБА легендата Скоти Пипен.

Но, Лариса е и една од најубавите жени на планетата. Каде и да се појави, таа привлекува внимание, а ја гледаат и мажите и жените.

Додека мажите воздивнуваат по неа, жените главно се љубоморни затоа што покрај неа се незабележливи.


Деновиве Лариса на плажа во Мајами уживала и ги покажала своите облини. Иако носела едноделно бикини, таа во него изгледала сензационално.

Не се знае со сигурност со што се занимава Лариса, освен што повремено е гостинка во реалити програмите. Зад неа е бракот со Скоти, со кој има три деца.


Реалити ѕвездата минатата година ги изненадила сите кога одлучила да се приклучи на страницата за возрасни „OnlyFans“ затоа што, како што објаснила, сака сите да имаат увид во нејзиниот див живот и да им ја покаже нејзината омилена долна облека.


Сè започнало по разводот од кошаркарот Скоти Пипен и кавгата со кланот Кардашијан. Потоа следела аферата со кошаркарот Малик Бисли кој од неа е помлад 23 години и на кој наводно му го уништила бракот, но очигледно дека тој за кратко време ѝ здодеал, па го напуштила по неколку месеци забавување и сега ужива во „соло“ животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk