„Ѝ пречеше мојата дупла вотка во 10 часот наутро“: Славниот актер се разведе од сопругата која би можела да му биде ќерка

Супермен

14/04/2022

23:49

18.402

Големина на фонт

а а а

Шон Пен се разведува од 31-годишната Лејла Џорџ, а на актерот очигледно разводот тешко му паѓа.

Шон Пен (61) се разведува од својата 31 година помлада сопруга Лејла. Парот од самиот почеток на врската често бил критикуван поради разликата во годините, но тие не го коментирале тоа.

Инаку, неговата сега веќе поранешна сопруга, само неколку месеци е помлада од неговата ќерка Дилан. Шон со Лејла бил во врска од 2016 година, а иако многумина мислеле дека ќе раскинат за кратко време, сепак тие врската ја крунисале со брак во 2020 година на тајна церемонија.


За жал, до разводот сепак дошло, а Пен првпат проговорел на таа тема.

Како што вели тој, за крајот на нивната врска се обвинува самиот себе, а на сопругата јавно ѝ порачал дека ја сака.

„Постои една жена, Лејла Џорџ, во која сум многу заљубен и ја гледам само одвреме-навреме“, изјавил актерот за „Hollywood Authentic“.

„Јас го уништив бракот. Не обрнував внимание на неа, ја игнорирав“, додал тој. Исто така истакнал дека Лејла никогаш не ја изневерил, но дека се нашол во ситуација каде сè му е важно освен семејството.


„Ова ќе ве шокира – се покажа дека убавите, талентирани жени кои фантазираат кои се венчале за некој постар од нив, не сакаат кога ќе се разбудат од мирниот сон и ќе го затекнат истиот тој маж на каучот, пијан како гледа глупости на телевизија, а потоа во 10 часот наутро одлучил прво да си земе дупла вотка“, изјавил Пен.

Актерот истакнал дека не знае каква е иднината меѓу него и Лејла и дали воопшто постои, но исто така изјавил и дека работел на некои проблеми кои се појавиле во текот на врската.


„Сега не се јавувам на телефон додека мијам садови. Доколку денот го поминувам со сопругата, мобилниот телефон ми е исклучен, па дури и доколку имам обврски. Нема да ги завршам доколку имам повеќе телефонски повици. Сега можам да го оставам мобилниот телефон и да не читам вести по 12 часа дневно“, изјавил Пен.

Сепак, тој сè уште не се откажал од апчињата за спиење, затоа што вообичаено не може да заспие, а причината за тоа не е позната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk