5 работи кои жените ги сметаат за најпривлечни кај мажите – висината не е една од нив

Супермен

23/05/2022

17:10

9.725

Големина на фонт

а а а

Мажите често се во заблуда дека на жените им е привлечна нивната висина, ставот и извајаното тело.

Во бројни анкети на тема што најмногу ги привлекува жените кај мажите од физичките карактеристики, во топ пет одговорите најчесто се – лицето, задникот, градите, нозете, очите и насмевката, евентуално менувајќи го редоследот на приоритетите.

Од друга страна пак, поголем дел од мажите живеат во заблуда дека жените најмногу ги привлекуваат спортски градените мажи, висината...

Анкетата покажала кои пет работи на жените најмногу ги привлекуваат кај мажите.

1. Рацете и рамената пресудни

Најважната и најпривлечната компонента од физичкиот изглед кај мажите се широките рамена, како и мускулестите раце и дланките. На овие физички карактеристики жените најчесто „паѓаат“.


2. Задникот

Поголем дел од жените преферираат помал и мускулест задник кај мажите. Речиси 70 отсто од нив велат дека не би му дале можност на маж кој има поголем задник од нивниот затоа што тоа го сметаат за „женски атрибут“.

3. На жените им е важен стомакот

Како трета најпосакувана работа на машкото тело, жените го навеле и рамниот стомак, а притоа не се мисли на „плочки“.

4. Забите

Белите заби без видлив кариес се важен фактор во зачувувањето на привлечноста на мажите. Жените сакаат да ги гледаат мажите кои имаат здрави и убави заби. Студиите откриле дека на жените не им се важни толку деловите од лицето да бидат симетрично распоредени, односно поважни им се белите заби и убавата насмевка.

5. Очите

Жените веруваат дека „очите се огледало на душата“. Како една од ставките кои ја сметаат за многу важна кај мажите се очите, односно нивниот поглед. Поголем дел од жените сакаат кога мажот има крупни очи и бистар поглед.


Косата и висината не им се толку важни

Козметичката индустрија заработува милиони на мажите кои се загрижени поради опаѓањето на косата, но над 40 отсто од анкетираните жени преферираат ќелави мажи.

Слична предрасуда важи и кога станува збор за висината на мажите, па се верува дека главно на жените им се попривлечни мажи со висина од 185 сантиметри. Но, тоа не е точно затоа што поголемиот дел од припадничките на понежниот пол сакаат мажот да е повисок од нив околу 10-на сантиметри.

Освен тоа, очигледно е дека и стилот на облекување на мажите им е важен фактор на жените. Дури 67 отсто од нив не би излегле на состанок со маж кој според нивните стандарди не се облекува добро, пренесува „The Richest“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk