Поради неколку грама намалување на CO2 автомобилите ќе поскапат за 1.000 евра

Супермен

25/05/2022

12:02

7.174

Големина на фонт

а а а

Строгите европски прописи односно „Euro7“ стандардот, директно влијаат на цените на новите возила.

Европската Унија зададе високи климатски цели, но прашање е како тоа ќе влијае на животите на луѓето со просечни примања во новите околности кои ги донесе војната во Украина, рецесијата и економската неизвесност.


За тоа на конференцијата „ChangeNOW“ зборувал генералниот директор на компанијата „Renault“, Лука де Мео. Тој јасно ставил до знаење дека строгите европски регулативи директно влијаат на цените на автомобилите, особено на цените на возила за кои се заинтересирани повеќето европски купувачи - мали градски и компактни автомобили.

„Пресметавме што „Euro7“ би значел за нашето портфолио на модели според моментално познатите планови. Производството на автомобили во просек би чинело 1.000 евра повеќе, а во групацијата „Renault“ би имале трошоци од околу милијарда евра. Поради тоа просечното возило треба да поскапи за 1.000 евра за 3 до 4 грама намалување на емисиите на CO2“, вели Лука де Мео и додал:


„Не можете да очекувате да ја замените старата „Nokia“ со 12 копчиња со паметен телефон со висока технологија со 5G конекција и екран од милион пиксели, а потоа да го понудите поевтино од стариот мобилен телефон“.

Технологиите за намалување на емисиите се скапи и нивната примена на мотори или издувни системи значајно би ја покачила цената на автомобилите.

„Euro7“ стандардот би ја намалил емисијата на CO2 за 67 отсто (во споредба со 1990 година) на автомобилите во 2030 година, во споредба со 63 отсто ако моменталниот „Euro 6d“ остане на сила.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk