Славниот фудбалер во кревет со друга – една седмица пред свадбата: Ова е приказната зад скандалот...

Супермен

02/06/2022

20:33

16.044

Големина на фонт

а а а

Познатиот англиски фудбалер Енди Керол (33), своевремено важеше за еден од најголемите таленти на Островот поради што Ливерпул плати 41 милион евра, но неговата „луда глава“ го спречила да направи голема кариера.

И, не само што Керол го прокоцкал својот фудбалски талент, туку себеси и во приватниот живот си направил многу проблеми. Британки „The Sun“ пишува дека Керол една седмица пред венчавката направил скандал поради кој го напуштила неговата вереница Били Маклоу и свадбата била под знак прашалник.

Керол една седмица пред венчавката направил ергенска вечер која не поминала баш како што треба поради тоа што имало многу девојки и алкохол, а две дами завршиле со фудбалерот во кревет.

За скандалот во Дубаи се расчуло брзо и во Англија. Една од девојките е Тејлор Џејн Вилки, а таа се јавила до таблоидот за да раскаже сочни детали и така се промовирала себеси, а кога избраничката на Керол дознала што се случило веднаш побеснела и барала објаснување.

„Беше тоа фантастичен ден. Алкохолот беше тука и ми изгледаше како Енди добро да се забавува. Дојде да разговара со нас, праша што правиме и изгледаше како господин. Ниту во еден момент не спомна дека има ергенска вечер. Ни кажаа дека на некој од нив му е роденден. Не беше во состојба да направи ништо. Жал ми е поради овој неред, но не направив ништо погрешно“, порачала Вилки која објавила фотографија со Керол во кревет.

Иако се извинил сепак вереницата е сè уште лута и не верува во оваа верзија од настанот, иако на крајот Карло не ја изневерил „официјално“ својата вереница.

„Жал ми е, знам како изгледа ова, но немавме односи“, порачала девојката.

Последните информации кажуваат дека свадбата наредниот викенд сепак ќе се одржи. Керол и Вилки се долгогодишни партнери и имаат пет деца, а очигледно дека таа е подготвена да му го прости овој скандал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk