Холивудската убавица Еиза Гонзалес во последните неколку години успеа од речиси непозната актерка да се лансира во ѕвездите и да добие низа улоги, иако сè уште не се запишала на престижната А-листа на холивудски имиња.
Но, оваа 32-годишна актерка е препознатливо име, особено благодарение на фактот дека важи за една од најубавите жени во Холивуд, но и за жена која може да го заведе речиси секој маж.
Еиза неодамна била фотографирана на улиците на Лос Анџелес во опуштена прошетка, а во таа прилика изгледала одлично во тесен зелен фустан кој ја истакнувал нејзината фигура.
Убавата Мексиканка и покрај едноставноста на нејзината комбинација и фактот дека прошетала без шминка и посебна фризура, изгледала многу атрактивно.
Инаку Гонзалез е наводно новата девојка на Џејсон Момоа, еден од најзгодните мажи на светот, а се шпекулира дека поради неа ја оставил и својата долгогодишна љубов и мајка на неговите 2 деца – Лиса Бонет.
„Тие се во врска, се грижи за неа. Тој е одлично, вработен е и моментално добро му оди во животот. Двајцата се навистина зафатени, но им е забавно заедно. Тој однос сè уште не станал сериозен“, изјави неодамна извор за „People“.
Ова не е чудно со оглед на тоа што Еиза е позната како жена на чија убавина „паднаа“ бројни познати мажи. Минатата година беше во врска со златното момче на Холивуд, Тимоти Шаламе, а пред него ја поврзуваа со фудбалерот Кристијано Роналдо, актерите Лиам Хемсворт и Џош Дуамел, музичарите Малума и Калвин Харис...
Еиза која покрај актерство се занимава и со пеење, живее и работи во Лос Анџелес од 2013 година, а додека денес нејзиниот живот е „мед и млеко“, не отсекогаш било така.
Актерката во една прилика изјави дека долго патела од депресија поради смртта на својот татко, а поради тоа добила и нарушување во исхраната со кое долго време се борела.