Ниту Грците не можат да си дозволат одмор во својата земја – ноќ од 100 евра, лежалки колку една просечна плата

Супермен

16/06/2022

13:30

16.977

Големина на фонт

а а а

Поради економската криза во земјата, многу од дестинациите за одмор во Грција станале исклучително скапи, толку многу што ниту просечен Грк не може да си дозволи да патува во својата земја.

Слично како и во многу делови од светот, стапката на инфлација во Грција се зголемила на најмногу во речиси последните 30-на години, што веројатно придонело до големиот раст на цените за патување, пренесува „б92“.

Стапката на инфлација во Грција само во месец мај достигнала 11,3 отсто, што е повеќе од 10,2 отсто во април и 0,1 отсто во мај минатата година, покажуваат податоците кои ги објавил грчки статистички орган.

Иако цените на хотелските соби, автомобилите за изнајмување и другите важни аспекти за патувањето го достигнале максимумот ширум Грција, особено на грчките острови, тие веројатно само ќе растат.


Својот врв веројатно ќе го достигнат во август, кога поголем дел од Грците одат на летни одмори, па островите се полни со туристи од земјата и од странство.

Додека во минатото многу од луѓето без проблем го резервирале својот престој за август во текот на летото, цените толку многу се зголемиле што луѓето кои не планирале патувања останале „заглавени“.

На многу од популарните острови, како што се Миконос и Санторини, невозможно е да најдете сместување за помалку од 100 евра од една вечер. Минималната плата за вработен со полно работно време во Грција изнесува малку повеќе од 700 евра.

Скапи дестинации за одмор во Грција

На Миконос некои од лежалките во ексклузивните барови, ресторани и клубови на плажа можат да чинат речиси колку и месечна минимална плата во Грција.

Најдобар показател за ситуацијата е примерот со Американката која на островот платила 600 евра за два пијалаци и порција ракчиња, па го тужела ресторанот.

Покрај растечката стапка на инфлација, што е глобален феномен, цените во Грција низ годините постојано се зголемувале како последица на прекумерниот туризам.


Прекумерниот туризам се однесува на презаситеност предизвикана од големиот број на туристи кои посетуваат некои места во еден момент и вообичаено доведуваат до тешкотии како за локалните жители, така и за туристите. Феноменот бил забележан ширум светот, како и во многу делови од Грција во текот на летните месеци.

Многу од локалните жители, иако незадоволни со негативното влијание од овој феномен, се противат да проговорат или пак да спроведат промени во борбата против прекумерниот туризам поради страв од губење на работата, особено во екот на пандемијата која беше погубна за туристичкиот сектор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk