Компанија по грешка му исплатила 330 пати поголема плата на вработен, па го молела да ги врати парите - еве што направил тој

Супермен

30/06/2022

10:03

16.607

Големина на фонт

а а а

Еден вработен во компанија останал шокиран кога на својата банкарска сметка здогледал огромна сума на пари.

Во процесот на депонирање плати на работниците за месец мај се случило нешто што завршило со милионска исплата на еден вработен. Кога компанијата ја воочила грешката, го известила работникот и барала од него да ги врати парите. Но, откако на сметката му „легнале“ 165.398.851 чилеански пезоси наместо 500.000, вработениот преку адвокат го раскинал договорот за работа и исчезнал.


Грешката во компанијата „Consorcio Industrial de Alimentos“ од Чиле ја забележал секторот за човечки ресурси на 30-ти мај 2022 година и го известил работникот дека на неговата сметка е исплатен повеќемилионски износ, по што побарал од него да оди во банка и да го врати преплатениот износ.

Работникот ветил дека тоа ќе го стори веднаш следното утро, но по повеќекратни повици и пораки од страна на компанијата за да дознае каква е ситуацијата со враќањето на парите, тој повеќе не бил достапен.

Неговиот адвокат на 2-ри јуни ја известил компанијата дека го раскинува договорот за работа, а подоцна компанијата подигнала тужба против работникот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk