Ја „уловил“ со Бред Пит, ѝ купил златна када од 2,2 милиони: Оваа жена била првата и најголема љубов на Мајк Тајсон

Супермен

30/06/2022

15:29

12.306

Големина на фонт

а а а

Боксерот не жалел за парите кoи ги заработил поради тоа што тој непрекинато ги трошел, а една од поголемите работи кои ги направил е роденденската прослава која ѝ ја приредил на поранешната сопруга.

Мајк Тајсон којшто денеска полни 56 години, е еден од најпознатите професионални боксери кои активно се натпреварувал од 1985 година до 2005 година. Покрај неверојатните успеси кои ги имал, неговиот живот бил многу интересен.

За него се раскажани многу приказни. Главно сите биле на тема обвиненија за силување, но тоа што е најинтересно е тоа што Тајсон за време на својот живот потрошил голема сума на пари.


Боксерот не стигнал лесно до големите заработки, но кога го стекнал богатството знаел што да прави со него.

Според „Washington post“, некои процени се дека потрошил околу 4,5 милиони долари на aвтомобили и мотоцикли, 3,4 милиони долари на облека и накит и 7,8 милиони долари на лични трошоци.

Одредено време изгледало дека ниту една цена не била превисока за Тајсон.

Тој потрошил богатство на два бели бенгалски тигри и нивниот дресер. Големите мачки чинеле 140.000 долари, а нивниот тренер чинел уште 125.000 долари годишно.

Меѓутоа, тоа не било ништо во споредба со кадата која ѝ ја купил на својата прва сопруга Робин Гивенс и во споредба со роденденската забава која ја приредил за неа и која чинела околу 2,2 милиони долари.


Тоа била када која на крајот ја задржал кога двајцата се разделиле, но потоа Тајсон истата ја продал на британски милијардер за околу половина од цената која ја платил. За неа.

Тајсон се венчал со Гивенсон во 1988 година, а тие двајца се развеле во 1989 година. Иако автобиографијата на Тајсон вели дека сопругата позитивно влијаела на него, да ве потсетиме дека таа поднела барање за развод тврдејќи дека Тајсон бил навредлив и љубоморен.

Можеби љубомората имала смисла поради тоа што Тајсон тврдел дека ја затекнал во интимен момент со Бред Пит.

Се пишувало и дека тие двајца имале бурен однос од почетокот, но немале заеднички деца. Тајсон наследниците ги добил од вториот брак со Моника Тарнер во 1997 година. Меѓутоа, тие двајца љубовната приказна ја завршиле со развод, откако таа тврдела дека Тајсон ја изневерил.


Тајсон на крај својот живот го средил и се оженил со третата сопруга – Лакиха Кики Спајсер во 2009 година со која има две деца.

Денес се проценува дека неговата нето вредност е околу 3 милиони долари, што не е лошо со оглед на тоа што во еден момент изгубил сè.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk