Официјално се разведуваат славниот фудбалер и неговата сопруга: По 20 години хармонија, еве што била причината за крајот

Супермен

13/07/2022

23:31

22.685

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот фудбалер Франческо Тоти и неговата сопруга – водителката Илари Блази, соопштиле дека се разведуваат по 17 години брак, а како што пишуваат, својата љубов морале да ја завршат поради тоа што им се мешала трета личност.

Двајцата важеа за еден од најмоќните и најпопуларни парови во Италија, а заедно биле од 2002 година. Од својата љубовна приказна имаат три деца, синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел.

Италијанските медиуми пишуваат дека славниот фудбалер Тоти ја изневерил водителката со Ноеми Боки, која се занимава со цветни декорации, а која е страстен навивач на Рома.


Ноеми не е позната во пошироката јавност, но се движела во круговите на познатите, а дипломирала бизнис и банкарство на приватен универзитет во Рим.

Оваа русокоса била венчана за Марио Каучи, сопственик на клубот Тиволи со кој има и две деца. Наводно Тоти претходната седмица ја поминал дома со оваа Италијанка.

Но, наводно не е само фудбалерот тој којшто бил неверен, и Илари имала афера со неименуван италијански бизнисмен.

Блази синоќа објавила соопштение во кое го најавила крајот на бракот со Тоти:

„По 20 заеднички години и три прекрасни деца, мојот брак со Франческо е завршен. Процесот на разделба ќе остане приватна работа и нема да давам никакви изјави понатаму. Ги повикувам сите да не веруваат на шпекулациите и пред сè да ја почитуваат приватноста на моето семејство“.


За тоа се огласил и 45-годишниот фудбалер:

„Се обидев да ја надминам кризата во својот брак, но денес сфаќам дека изборот е да се разделиме, иако болен е неизбежен. Сè што сум кажал и направил во последните месеци беше за да ги заштитам нашите деца кои секогаш ќе бидат на прво место во мојот живот. Ќе продолжам да бидам близок со Илари додека растат нашите прекрасни деца, секогаш ќе ја почитувам. Верувам во почитување на нашата приватност поради спокојство на нашите деца“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk