Вака Илон Маск избира кого да вработи: Прочитајте ја загатката и дознајте дали би го поминале конфузниот конкурс

Супермен

17/07/2022

12:15

11.730

Големина на фонт

а а а

Илон Маск е најбогатиот човек на планетата кој има успешна кариера и многу љубовни врски, но сепак знае да создаде одличен баланс помеѓу приватното и деловното.

Илон Маск можеби не би го имал сето она што го има и не би бил толку успешен доколку не бил внимателен, остроумен и според некои мислења, чуден.

За него се пишуваше многу, а една од главните теми во последно време се неговите деца и правилата кои треба да ги почитуваат.

Новинарката Ешли Венс во книгата „Elon Musk: Tesla, Space X и потрагата по фантастична иднина“ ги открила критериумите по кои славниот милијардер ги избира своите вработени.


Имено, Маск  има своја омилена загатка која им ја поставува на потенцијалните вработени за да ги збуни и да види како се снаоѓаат.

„Стоите на површината на Земјата. Одите една милја (околу 1,6 км) на југ, една милја на запад и една милја на север. Завршувате токму таму каде што сте започнале. Каде сте?“, е прашањето што го поставува најбогатиот човек на светот.

Познато е дека Илон Маск лично ги интервјуирал своите први вработени и повеќето од нив точно одговориле на загатката, но потоа следувало друго прашање „каде на друго место би можел да бидеш?“.

Загатката има два одговори и двата се дадени во споменатата книга.

„Вториот одговор е некаде во близина на Јужниот Пол каде, ако одите една милја јужно, обемот на Земјата станува една милја. Помалку инженери го знаат вториот одговор, но Маск со задоволство ја објаснува таа загатка и другите и ги наведува сите релевантни равенки за време на неговите објаснувања. Маск помалку го интересира дали лицето ќе го даде точниот одговор, а повеќе како го опишува проблемот и неговиот пристап кон неговото решавање“, е заклучокот во книгата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk