(Фото) Оваа жена пред пет години го полуде светот со својата убавина - еве како изгледа денес

Супермен

22/07/2022

21:50

20.152

Големина на фонт

а а а

Пред пет години на Јутјуб се појави песната „Despacito“ на тогаш малку познатиот порторикански пејач Луис Фонси и веднаш стана врвен летен хит.

Денес „Despacito“ има речиси осум милијарди прегледи, а во кафулињата и ноќните клубови летово сè уште може да се слушне заразниот ритам кој го зафати светот во 2017 година.

За популарноста на спотот секако придонесе и сексапилната бринета која танцува во самото видео и заведува во жешки панталони.


Нејзиното име е Зулејка Ривера и денес има 35 години. Родена е во Порто Рико, а во 2006 одина била Мис Универзум и круната ја освоила на само 18 години.


На Инстаграм ја следат над 2 милиони корисници, а своите следбеници редовно ги чести со заводливи фотографии или снимки на кои танцува.


Зулејка била во долгогодишна врска со кошаркарот Џеј Џеј Бареа, а во 2012 година го родила нивниот син Себастијан, но на крајот сепак раскинале.


Освен што се занимава со моделинг, Зулејка е водителка, танчерка, но и актерка и се појавила во сапуницата „Чоколада“.


Иако со својата убавина воодушевува многумина, некои тврдат дека Зулејка имала многу пластични операции со кои го постигнала денешниот изглед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk