Зверев откри дека се бори со болест од која пати секој 10-ти човек: Не игнорирајте ги првите симптоми, компликациите можат да бидат кобни

Супермен

08/08/2022

11:10

7.619

Големина на фонт

а а а

Александар Зверев открил дека има дијабетес тип 1, а во продолжение дознајте повеќе за оваа болест.

Александар Зверев открил дека се бори со дијабетес тип 1 речиси цел живот, но речиси никогаш претходно не сакал да зборува за тоа.

Како што вели, причината е тоа што се плашел дека неговите противници ќе мислат дека е понемоќен на терен, а сега докажува дека е можно да биде топ-спортист и со дијабетес.

Неговиот следен чекор е фондација која ќе собира пари за заболените од дијабетес. Иако дијабетес тип 1 вообичаено се јавува во детството или адолесценцијата, може да се развие и кај возрасните.

Што е точно дијабетес, кои се симптомите, има ли лек и што се случува доколку не се води сметка за него?

Дури и по многу истражувања, за дијабетес тип 1 не постои лек.

Лекувањето е насочено на контрола на количината на шеќер во крвта со користење на инсулин, исхрана и начин на живот за да се спречат понатамошни компликации.

Тоа е хронична состојба во која панкреасот произведува малку или нималку инсулин, хормон којшто телото го користи да дозволи шеќерот да влезе во клетките и да произведе енергија.


Симптомите на дијабетес тип 1 можат да се појават во било кој период од животот, а ова се дел од нив:

- Чувство на жед повеќе од вообичаено

- Зголемено мокрење

- Мокрење во кревет (кај децата)

- Чувство на зголемена глад

- Ненамерно губење на телесната тежина

- Чувство на раздразливости или други промени во расположението

- Чувство на умор и слабост

- Замаглен вид

Точната причина за дијабетес тип 1 не е позната. Вообичаено, сопствениот имун систем на телото, којшто инаку се бори против штетните бактерии и вируси, ги уништува клетките од панкреасот кои произведуваат инсулин.

Втора можна причина ја вклучува генетиката, изложеноста на вируси и други фактори од животната средина. Постојат и некои фактори кои можат да го зголемат ризикот од дијабетес тип 1, а тоа се:


1. Семејна историја

Секој кој во семејството има член со дијабетес тип 1, има поголем ризик од развој на оваа состојба.

2. Генетика

Поседувањето одредени гени го зголемува ризикот од развој на дијабетесот тип 1.

3. Старост

Дијабетес тип 1 може да се појави во било која возраст, но најчесто се појавува кај деца помеѓу 4 и 7 години или кај деца помеѓу 10 и 14 години.

Компликации

Доколку шеќерот во крвта не се контролира, компликациите од дијабетесот тип 1 можат да влијаат на главните органи во телото.

Овие органи вклучуваат, срце, крвни садови, нерви, очи и бубрези.

Нормалното ниво на шеќер во крвта може да го намали ризикот од многу компликации. Важно е да се спомене и дека некои од компликациите од дијабетес можат да доведат до инвалидитет или дури да го загрозат животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk