Поранешната девојка на Рајан Гигс изнела низа обвиненија против него: „Постојано сакаше секс, ме нарекуваше „крава“ и имаше 8 љубовници“

Супермен

09/08/2022

18:45

6.990

Големина на фонт

а а а

Кејт Гревил, поранешната девојка на легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, изнела низа обвиненија против поранешниот фудбалер.

„Постојано сакаше секс, ми се јавуваше по 50 пати во еден час“, изјавила Кејт, помеѓу останатото, во 105-минутниот полициски разговор прикажан во текот на вториот ден од судењето на поранешната ѕвезда на Манчестер.

Кејт, 36-годишна ПР директорка, детално го опишала неговото насилно однесување во нивната врска. Исто така, тврди дека дознала дека Гигс има афера со 8 различни жени прегледувајќи го неговиот „iPad“, по што одлучила да се исели од неговиот дом во 2020 година.


„Одлучив да ја дознаам вистината. Реалноста на она што го најдов на тој „iPad“ беше многу полоша отколку што можете да замислите“, изјавила Гревил и додала дека Рајан ја нарекувал „крава“ во пораките кои им ги испраќал на пријателите.

Исто така, Кејт детално опишала како тој луто реагирал на обвиненијата дека се гледа со други жени во текот на нивната врска.

36-годишната Кејт тврди дека во 2017 година Гигс ја извлекол од хотелската соба во Дубаи додека била гола, откако таа го обвинила дека се гледа со друга жена. На Божиќ во 2019 година, екс фудбалерот наводно ја удрил со нога во грб додека легнувала во кревет, а подоцна за време на кавга во хотелската соба ја удрил со чанта со нејзиниот лаптоп по глава.

Рајан Гигс е обвинет за напад на Гревил и нејзината помлада сестра Ема Гревил, на 1-ви ноември 2020 година, со понатамошно обвинение кое се однесува на контролирање и присилно однесување кон неговата поранешна девојка помеѓу 2017 и 2020 година.

Поранешниот фудбалер ги негира ваквите обвиненија.

Инаку Кејт и Рајан биле 3 години во врска, односно ја започнале врската 7 месеци откако Рајан се разведе од сопругата Стејси, која со години ја изневерувал со сопругата на својот брат Родри.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk