Не се обѕирале на љубопитните погледи: Реалити ѕвездата и новопечениот сопруг им се препуштиле на страстите на преполната плажа

Супермен

22/08/2022

21:15

27.373

Големина на фонт

а а а

Реалити ѕвездата Тереса Џудиче неодамна „заплови“ во својот втор брак и тоа со бизнисменот Луис Руелас, а парот медениот месец го поминува на популарниот грчки остров Миконос.

Папараците не ги штеделе објективите, правејќи низа фотографии од новопечените сопружници во прилично „скокотливи“ пози.


Имено, славната Тереса и нејзиниот сопруг очигледно се многу страсни, па им било тешко да ги одвојат рацете еден од друг дури и во јавноста. Тие ја анимирале целата плажа со жешки допири и разменување нежности, а во неколку моменти се чинело дека нештата навистина ќе отидат предалеку.

Луис ја допирал својата жена по задникот, а набрзо таа легнала врз него, не обѕирајќи се на љубопитните погледи.


Инаку, Џудиче мамела погледи не само со слободното однесување со сопругот, туку и со завидната фигура - таа парадирала на плажата во минијатурно бикини, покажувајќи дека може да се пофали со одличен изглед иако веќе има 50 години и 4 деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk