Крај и на третиот брак на популарниот Роки? Актерот ја понижил сопругата пред сите, таа му одговорила онака како што заслужил

Супермен

23/08/2022

15:00

16.019

Големина на фонт

а а а

Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин во брак се 25 години и имаат три ќерки.

Да ве потсетиме што направил сега славниот Роки...

Актерот одлучил џиновската тетоважа со ликот на сопругата да ја покрие со ликот на кучето на својот јунак Роки чиј лик го толкуваше во популарниот филмски серијал.

Од друга страна Џенифер дала до знаење дека има проблеми во бракот така што на Инстаграм објавила фотографија на која е со ќерките, па истакнала: „Овие девојки се мој приоритет, ништо друго не ми е важно. Ние четири засекогаш“.

Од Сталоне нема ниту трага ниту глас, а притоа Флавин го отследила на Инстаграм.

Потоа се огласил и портпаролот на популарниот актер истакнувајќи дека нема проблем меѓу парот и дека сè е недоразбирање поради погрешно освежување на портретот од сопругата на неговата рака.

„Господин Сталоне имаше намера да ја освежи сликата на својата сопруга Џенифер, но резултатите беа незадоволувачки и за жал непоправливи. Како резултат на тоа тој мораше да ја покрие оригиналната слика со тетоважа од своето куче од Роки. Сталоне го сака своето семејство. Тие моментално заедно снимаат реално шоу“, изјавил тој.

Доколку дојде до развод, на актерот тоа ќе му биде трет по ред, па очигледно се навикнал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk