Итно да го смени стилистот: Бред Пит се појавил на црвениот тепих во Венеција, па ги разочарал модните критичари

Супермен

11/09/2022

14:05

16.363

Големина на фонт

а а а

Бред Пит на филмскиот фестивал во Венеција се појавил во неочекувано модно издание – повторно!

Како филмскиот фестивал во Венеција да помине без најпосакуваниот холивудски актер Бред Пит? Никако!

Кога Пит се појавил на премиерата на филмот за Мерилин Монро – „Blonde“ во друштво на прекрасната Ана де Армас која воедно е и главна актерка во ова филмско остварување, направил „хаос“ на црвениот тепих.


Постојано се смешкале и убаво се забавувале додека ја поздравувале публиката.

Еден од најубавите актери во Холивуд којшто веќе ја „гази“ шестата деценија од животот, прошетал на црвениот тепих во црн смокинг.

Тоа што на сите им го привлекло вниманието е стајлингот за оваа прилика, односно панталоните кои ги носел кои неодоливо потсетуваат на тренирки, а Пит носел и класични црно-бели патики од познатиот спортски бренд.


Според зборовите на критичарите, Бред направил целосно модно промашување, но факт е дека со леснотија ја изнел оваа лежерна модна комбинација, како оние на премиерата на филмот „Bullet Train“ во Берлин кога се појавил во здолниште.

Многу од жените сметаат дека е секси и дека Бред може да облече што и да посака, па пак ќе изгледа прекрасно.


Од друга страна Ана де Армас блескала во светло розов фустан. Лесниот материјал до подот и ѓерданот во облик на ангелски крилја ја истакнале нејзината женственост така што ниту длабокото деколте не оддавало впечаток на вулгарност.

Погледнете повеќе модни комбинации од Бред Пит: 








Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk