Маск против „Apple“: Најбогатиот човек на светот официјално ѝ објави војна на најголемата светска технолошка компанија

Супермен

29/11/2022

11:07

5.298

Големина на фонт

а а а

Најбогатиот човек на светот официјално ѝ објави војна на најголемата технолошка компанија во светот.

Илон Маск го обвини „Apple“ за цензура и монополистичка пракса во низа твитови, тврдејќи дека компанијата „во главно престанала да се рекламира на Твитер“ и се прашува дали „Apple“ и извршниот директор Тим Кук „ја мразат слободата на говор во Америка“.

„Apple“ исто така се закани дека ќе го отстрани Твитер од понудата во својот „App Store“, но нема да нѝ каже зошто, напишал Маск на Твитер, давајќи причина за својата неодамнешна критика.

Компанијата не одговорила на барањето на „Business Insider“ за коментар на ваквите твитови на милијардерот.

Маск исто така го „урнал“ надоместот од 30 отсто кој „Apple“ го зема од повеќето продажби преку „App Store“, објавувајќи фотографија од знак на автопат со две опции: „плати 30 отсто“ или „оди во војна“, при што автомобилот избира да „оди во војна“.


Многу помали компании претходно го осудија ваквиот надомест и тој е предмет на тековна правна битка помеѓу произведувачот на видеоиграта „Fortnite“, „Epic Games“, и технолошкиот гигант.

Ова не е првпат Маск да го критикува „Apple App Store“ - тој во мај изјави дека надоместот од 30 отсто „е буквално 10 пати поголем отколку што би требало да биде“.

Меѓутоа, нападите во понеделникот ја ескалираа кавгата помеѓу Маск и Кук. Маск не бега ни од критикување на останатите милијардери од висок профил како Џеф Безос и Бил Гејтс во минатото.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk