(Фото) Вака кралицата на навивачките ја прослави победата на Бразил: Светската популарност ја стекна пред 12 години, а фудбалот го сака со иста страст

Супермен

29/11/2022

12:08

9.576

Големина на фонт

а а а

Сигурно се сеќавате на познатата Лариса Рикелме, најпознатата навивачка од Мундијалот.

Сексапилната бринета го следи и овогодишното Светско првенство во Катар, а освен за родниот Парагвај, навива и за Бразил.

Во чест на неодамнешната победа на бразилската репрезентација над Швајцарија (1:0), Лариса објави серија фотографии на кои позира во провокативен костим за капење.

„Ја славиме победата“, напишала таа во описот на фотографиите.

Познатата навивачка го одбележи триумфот на Бразил и на „Instagram story“, а иако овогодишниот Мундијал не го следи во живо, таа активно го поддржува преку Инстаграм.

Светското првенство во фудбал ѝ го промени животот. Рикелме го привлече вниманието на јавноста во 2010 година, за време на Светското првенство во Јужна Африка. Популарноста која тогаш ја стекна, ја преточи во соработка со бројни брендови, а работи и како ТВ и радиски водител.

Таа е вистинска ѕвезда и на Инстаграм каде има 1,8 милиони следбеници, а неодамна за списанието „Kriegman“ сними кампања посветена на Светското првенство во Катар.

Лариса пред 12 години стана Мис Светско првенство, а иако помина многу време оттогаш, таа и понатаму предизвикува голем интерес во јавноста.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk