(Фото) Моментално најпознатата навивачка на Светското првенство во Катар изгледала значително поразлично пред 6 години

Супермен

09/12/2022

10:02

18.563

Големина на фонт

а а а

Без сомнеж моментално најпопуларната навивачка на светот е Ивана Кнол, која ја бодри хрватската репрезентација на Светското првенство во Катар.

Помалку е познато дека Ивана во 2016 година се натпреварувала на изборот за Мис Загреб и тогаш била прогласена за втора придружничка.

Истата година таа се обидела да ја освои титулата Мис Хрватска, но сепак не успеала во тоа.

Меѓутоа, Ивана сега е вистинска ѕвезда, а за неа пишува и британски „The Sun“, американски „The New York Post“ и австриски „Heute“, а таа гостувала и кај славниот водител Пирс Морган.

Во Катар, Кнол се фотографира со шеици, локалните жители, навивачите, па дури новинарите ја прашале хрватската репрезентација за неа на една прес-конференција, на што тие одбиле да коментираат.


За време на Светското првенство во Катар оваа девојка на социјалните мрежи добила милионски следбеници од целиот свет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk