Живеат од посетителите: 10 најмоќни туристички места на светот

Супермен

17/03/2023

13:30

5.484

Големина на фонт

а а а

Париз е омилен поради храната, уметноста, модата и романтиката, а според новиот индекс на „WTTC“ тој е и најмоќниот светски туристички град.

„WTTC“, непрофитното тело на туристичката индустрија со седиште во Обединетото Кралство, ги анализирало туристичките податоци од 2022 година за да се покаже каде патниците најмногу ги трошат своите пари, но и кои дестинации најмногу вложуваат во туризмот.

Вкупниот попис на најмоќните туристички градови сепак не ги зел предвид влезниците за во музеј и хотелските соби – втор фактор е податокот колку локалните и националните влади и претпријатија вложуваат во градовите како туристички дестинации. На пример, првопласираниот Париз така се подготвува за Летните олимписки игри во 2024 година на кои ќе биде домаќин, па градот вложува во ресурсите во инфраструктурата, безбедноста и другите мерки.

Благодарение на Светското првенство во фудбал Доха беше на врвот на листата на најголем износ на приходи од туризмот, но не постигнале толку високи резултати во другите категории и не влегле во најдобрите 10.

Амстердам, Барселона и Сингапур исто така добиле поени, но исто така не успеале да влезат на листата најмоќни.

10 најмоќни туристички дестинации:

1. Париз, Франција


2. Пекинг, Кина


3. Орландо, Флорида


4. Шангај, Кина


5. Лас Вегас, Невада


6. Њујорк, Њујорк


7. Токио, Јапонија


8. Мексико Сити, Мексико


9. Лондон, Велика Британија


10. Гуангжу, Кина



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk