(ФОТО) Вака изгледа жена која нема силикони: Девојката на познатиот тенисер на плажа е „жив оган“

Супермен

22/03/2023

20:37

11.677

Големина на фонт

а а а

Александар Зверев важеше за еден од омилените светски тенисери, додека преку ноќ не се најде на листата на најомразени мажи, откако неговата поранешна девојка, Олга Шарипова упати низа обвинувања против него.

Имено, таа пред две години изнесе тврдења дека тенисерот брутално ја малтретирал.


Меѓутоа, тоа не го спречило славниот тенисер да најде нова љубов, поранешната актерка Софија Томала (34), која е 8 години постара од него. Тие двајца важат за еден од најактуелните љубовни парови, а нејзините фотографии од плажа предизвикаа големо внимание.

Папараците ја фотографирале бринетата во црно бикини, а нејзиното извајано тело и атрактивните тетоважи ги привлекле сите погледи.


Инаку, пред да стапат во љубовна врска, поранешната актерка и тенисер се познавале преку заеднички пријател четири години, а првата јавна средба на Софија и Зверев се случила пред две години за време на една ТВ емисија, каде заедно гостувале и каде што се разгореле страстите.


Освен по успешната кариера и неверојатната убавина, Софија е позната и по тоа што беше во врска со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.


Интересно е што Софија не потпаднала под влијание на естетската хирургија, па се чини дека сè е природно на нејзиното тело, а и покрај тоа изгледа како милион долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk