(Фото) Манекенката позираше како од мајка родена, коментарите не престануваат: „Неверојатно си секси...“

Супермен

13/06/2023

13:40

14.805

Големина на фонт

а а а

Британската манекенка Деми Роуз (28), повторно воодушевила бројни фанови на социјалните мрежи откако објавила фотографија на која се сонча гола.

Прекрасната манекенка ги засенила сите додека се сончала целосно гола, а нејзината сексапилна заднина била само делумно покриена.

„Неделно расположение“, кратко напишала таа во описот на фотографијата која предизвикала бројни коментари.

„Премногу секси“, „Во недела секогаш сум на погрешно место“, „Каков поглед“, „Ти си неверојатно секси“, „Слатки сништа“, биле само дел од коментарите на нејзините следбеници, а за помалку од 24 часа објавата добила над 400 илјади допаѓања.

Оваа објава е само една во низата со која манекенката ги воодушевила своите фанови, а секси позите за неа не се непознати.

Истовремено, на радост на многумина, таа објавува фотографии на кои е навистина сексапилна. Иако многумина би помислиле дека поради тоа таа е полна со самодоверба, сепак убавицата тврди дека тоа не е така. Својата моментална кариера на модел ја смета за благослов.

„Отсекогаш сакав да се занимавам со манекенство и од кога се занимавам, тоа го сметам за благослов затоа што пораснав во опкружување каде ме малтретираа и немав многу пријатели“, признала таа во неодамнешното гостување на „Radio 1“.

Деми, исто така отворила и свој профил на „Only Fans“ каде за својата содржина наплаќала 22,22 долари месечно или 119,99 долари за половина година. Меѓутоа, набрзо потоа донела одлука да се откаже од претплатата на одредено време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk