(Фото) Парада на скапоцени часовници на финалето на Ролан Гарос: Таткото на Новак со детаљ на раката вреден 70.000 евра, неговата цена постојано расте

Супермен

21/06/2023

13:51

8.251

Големина на фонт

а а а

Исклучително интересна анализа на часовниците во свечената ложа на стадионот „Филип Шатрие“ направил специјализираниот сајт „Sat na ruci“.

Кај нив по обичај нема никаква грешка, па така ревносно ги набројале сите модели на часовници кои ги носеле членовите на семејството Ѓоковиќ, но и тројца великани од светот на спортот кои исто така присуствувале на настанот - Златан Ибрахимовиќ, Килијан Мбапе и Том Брејди.

Вкупно 600.000 евра се „нашле на рацете“ на четворицата членови на семејството Ѓоковиќ и тројцата асови.

Најинтересен часовник дефинитивно носел Срѓан Ѓоковиќ - таткото на Новак носел модел на „Patek Philippe“ кој изнесува речиси 100.000 евра. Основната цена му е 70.000 евра, но со оглед на тоа што станува збор за лимитирана серија направена во 2016 година, цената му расте од ден во ден и достигнува шестцифрена сума.

Новак и Јелена носеле часовници од друг произведувач, кој е воедно и спонзор на Ѓоковиќ - „Hublot“. Часовникот на Новак е моделот „Big Bang Meca 10 Blue Ceramic“ вреден околу 25.000 евра, а Јелена носела „Hublot Classic Fusion King Gold“ кој чини околу 16.000 евра. Мајката на српскиот ас, Дијана, исто така носела модел на „Hublot“.


Златан Ибрахимовиќ се појавил на финалето на Ролан Гарос со часовник на „Rolex“ вреден 320.000 евра. Станува збор за моделот „Daytona“.


За „Rolex“ се одлучил и НФЛ играчот Том Брејди, поточно за моделот „Day-Date“ кој вреди 150.000 евра.


Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе се одлучил за нешто „поскромен“ часовник од Ибрахимовиќ и Брејди - тој носел „Hublot Big Bang Original Diamonds“ чија цена е 16.800 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk