Има милијарди, но не ја „соблекува“ сивата маица и со неа оди на работа секој ден: Кога го прашале Закерберг зошто е тоа така, одговорот ги oставил без текст

Супермен

25/09/2023

11:19

16.063

Големина на фонт

а а а

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук и мултимилијардер, во една прилика открил зошто секој ден ја носи едноставната сива маица на работа.

Марк Закерберг којшто своевремено станал еден од најмладите милијардери на светот, има ормар полн со сиви маици во кои најчесто се појавува во јавноста.

Новинарите во една прилика го прашале зошто секогаш носи сиви маици кога има финансии и е и повеќе од способен да облече што и да посака. Рекол дека недостатокот на смисла за мода овозможува да остане повеќе „верен“ на својот деловен живот.

„Не сакам да трошам енергија на модата“

„Навистина сакам да си го поедноставам својот живот за да можам да носам што помалку одлуки за било што друго освен за тоа како е најдобро да ѝ служам на оваа заедница“, изјавил Закерберг, додавајќи дека во ормарот има „повеќе исти маици“.

„Јас сум во навистина повлечена позиција затоа што секој ден можам да се разбудам и да „услужам“ над милијарда луѓе“, заклучил тој, откривајќи дека и она што може да се направи како наједноставна одлука, како избор што ќе појадува или што ќе облече секое утро, всушност му одзема енергија.

„Чувствувам како да не ја извршувам својата работа доколку дел од енергијата ја трошам на работи кои се глупави или несериозни“, додал Закерберг.

Врз основа на неговиот Инстаграм профил, Закерберг во меѓувреме ги проширил своите модни изданија, па во последно време почесто можеме да го видиме и во темно-сини маици, но и некои други модни изданија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk