Додека сопругата го раѓала нивното четврто дете, тој бил на романтичен викенд со фаталната русокоса: „Таа е скршена, а во меѓувреме познатиот спортист наоколу се бакнува со новата девојка

Супермен

17/11/2023

16:38

9.546

Големина на фонт

а а а

Поранешниот професионален шкотски рагбист, Стјуарт Вилијам Хог неодамна се развел од сопругата Џилијан Хог, само неколку дена откако таа го родила нивното четврто дете.

31-годишниот Хог неодамна го напуштил рагби сојузот како би се посветил на своето семејство, но се чини дека малку повеќе се посветил и на Леона, што довело до проблеми во брачниот рај … Пријателите на спортистот за британските медиуми изјавиле дека неговиот седумгодишен брак се распаднал, а бремената Џилијан го напуштила нивниот дом и ги однела децата кај нејзината мајка.


Дека ситуацијата е сериозна говори и тоа што тие ги отстраниле „титулите сопруга и сопруг“ од своите профили на социјалните мрежи, а Џилијан не го ни споменала поранешниот сопруг кога со своите следбеници споделила фотографија од бебето Фиби, „последниот член на нејзиното мало семејство“.

Само неколку часа подоцна, Стјуарт бил виден со Леона, а Џилијан тоа тешко го поднесува.


„Џилијан е со скршено срце. Колку повеќе треба да страда таа жена? Последното нешто што секоја нова мајка би сакала да го види е таткото на нејзините деца како социјалните мрежи се фали со својата нова врска. Таа едноставно не може да престане да размислува за тоа како можеше токму сега да ѝ го направи тоа“, изјавил изворот, пишува „The Sun“.


„Таа целосно ја поддржувала неговата кариера. Откако се вратија во родниот град сè си дојде на свое место. Таа не можеше да продолжи“, додал друг извор.



Иако не е познато како Стјуарт и Леона се запознале, мештаните тврдат дека често ги гледале како јадат заедно во пабот, како и дека тој веќе ја запознал со своите родители. Бидејќи и самиот тој е љубител на јавањето, можно е токму тоа да ги споило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk