Експертка за вработување тврди: За ова треба да лажете на секое интервју за работа

Супермен

23/11/2023

15:23

6.625

Големина на фонт

а а а

Велат дека искреноста е најдобрата политика, но една специјалистка за вработување открила дека постојат 3 работи за кои треба да лажете на интервју за работа ако сакате истото да помине добро.

Бони Дилбер е специјалистка за вработување во технолошка компанија, а во видеото на ТикТок открива кои бели лаги можат да ви помогнат да се издвоите од другите кандидати и да поминете во вториот круг.

1. Причината поради која ја напуштивте последната работа

„Ако ја напуштивте последната работа затоа што не ви се допаѓала, затоа што не сте се согласувале со вашиот шеф или колегите - лажете за тоа. Ве молам, не им кажувајте дека вашиот шеф не ве сака, не им кажувајте дека било тешко да се работи со вашите колеги. Сè што тие ќе слушнат е дека сте проблематични“, објаснила Бони.

„Наместо тоа, кажете дека сè одело одлично, но сте сакале повеќе предизвици“, додала таа.

2. Зошто ја сакате работата

Иако е свесна дека сите луѓе бараат нова работа поради парите и поволностите, Бони вели дека никогаш не треба да го откривате ова бидејќи тоа е предупредувачки знак за нив дека се грижите само за парите.

„Наместо тоа, спомнете дека сте страсни за мисијата на компанијата и нагласете дека добро ќе се вклопите во компанијата“, додала таа.


3. Планови за иднината

„Не ми е гајле дали ви треба работата само на краток рок или платата не ви одговара и ќе дадете отказ штом најдете нешто подобро. Кога ќе ве прашаат кои се вашите планови за следните 5 години - вашите планови се да бидете во таа компанија и да растете во неа“.

„Секоја компанија сака вработен кој ќе остане и ќе расте со нив“, додала таа и на крајот рекла: „Ова се само мои мислења и луѓето треба да пристапат кон интервјуто на начин кој им одговара“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk