Тешко е да се добие работата на ФБИ агент, а според некои податоци, само пет отсто од пријавените всушност ја добиваат таа работа.
Тие поминуваат низ разни тестирања за да се утврди дали имаат потенцијал за работа, односно дали мислат креативно, како им работи логиката, колку внимание обрнуваат на деталите и слично.
За да го намалат бројот на кандидати, лицата задолжени за интервјуирање мора да пронајдат начин да ги откријат нивните предности и маани, но и интелигенција.
На ТикТок, Метју Паландра објавил видео во кое ја открил загатката која ФБИ наводно им ја поставува на потенцијалните кандидати за интервју за работа во својата служба.
„Маж и жена одат на пијалак на својот прв состанок. Топол, летен ден е, така што додека мажот и жената го чекаат оброкот и двајцата добиваат по една чаша ладна вода“, почнува загатката.
„Жената многу се поти и дополнително е жедна, па веднаш пие три чаши студена вода со мраз, додека мажот ја пие полека водата. Подоцна во текот на истиот ден мажот ѝ испраќа порака на жената во која ѝ вели дека е болен и дека се чувствува исклучително слабо. Пред полноќ, полицијата го прогласува за мртов. Кога жената е приведена на испрашување, утврдено е дека и нејзината вода и водата на нејзиниот партнер биле откруени“, завршува Метју.
Испитаниците морале да одговорат на прашањето зошто мажот починал, а жената не? Размислете и обидете се да одговорите точно.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Жената била многу жедна, па поради тоа водата ја пиела брзо. Отровот се наоѓал во мразот поради што таа во своето тело внела многу мала количина отров. Мразот не успеал да се стопи навреме за отровот да успее да ја усмрти. Од друга страна мажот пиел вода полека и во својот организам внел голема количина отров затоа што мразот во неговата вода се стопил.