Има 10 деца со пет жени: Славниот актер се „смирил“ покрај 18 години помладата партнерка и сега живее мирен живот

Супермен

01/12/2023

12:14

6.336

Големина на фонт

а а а

Славниот актер е рекордер по бројот на деца меѓу познатите татковци. Има десет наследници кои ги добил од пократки или подолги врски со пет жени.

Иако неговиот стил на живот покажувал дека никогаш нема да се смири, тој тоа го направил во 2012 година кога имал 50 години. Со вереницата со која се „смирил“ синоќа се појавил на премиерата на филмот „Candy Cane Lane“ во Лос Анџелес.


Поради тоа што настанот бил полежерен од останатите премиери, актерот смокингот го заменил со спортско-елегантно издание.

Еди Марфи (62) носел едноставни панталони, ролка и над сето тоа јакна, додека неговата вереница Пејџ Бучер (44) била облечена во сако-фустан и чизми до над колена.

Популарниот комичар со актерката е во врска речиси деценија и пол. Еди во 2018 година го добил своето десетто дете, а второ дете со вереницата Пејџ.


Инаку актерот 10-те наследници ги добил од пет жени и не со секоја од нив бил во брак.

Славниот комичар минатата година блескал од среќа на свадбата на својата ќерка Бри која се венчала за актерот Мајкл Завиер. Церемонијата на венчавката била на Беверли Хилс, Марфи ја одвел својата наследничка до олтарот, а потоа со неа танцувал на песната „Isn’t She Lovely“.

„Драго ми е што луѓето можат да ја видат мојата прекрасна ќерка. Јас сум горд татко, навистина имав среќа со своите деца. Се покажаа како добри луѓе“, рекол Марфи и ги разнежил присутните. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk