Мажите лудуваа по неа, а најубавата жена на светот невиноста ја чувала за познатиот Србин: Му родила две ќерки и доживеала пекол

Супермен

01/12/2023

15:55

43.989

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Адријана Лима денес се соочува со бројни критики поради нејзиниот физички изглед. Исто така, таа е доказ дека во глобалното општество постои наратив по кој жената секогаш треба да изгледа добро

Вишокот килограми и отеченото лице се нормална појава која треба да се прифати. Но, зошто тогаш не ѝ се простуваат несовршеностите на Адријана Лима?


И покрај тоа што ги полудела мажите ширум светот и е позната како една од најубавите жени, таа едноставно не може да побегне од злобните коментари. Сепак, Адријана е остварена жена во секој поглед и овие критики не допираат до неа.

Кога е во прашање нејзиниот љубовен живот, најмногу се зборува за нејзината љубов со познатиот српски кошаркар Марко Јариќ. Три години подоцна од нивниот прв состанок, тие одлучиле да застанат на „лудиот камен“, во 2009 година. Круна на нивната голема љубов се нивните ќерки Валентина и Сиена. Сепак, во 2014 година, парот одлучил да стави крај на бракот, додека разводот бил официјализиран во 2016 година. Меѓутоа, се покажало дека поради децата останале во добри односи.


Интересно е што Адријана ја чувала својата невиност до бракот, а Марко Јариќ бил првиот маж со кој била интимна.

„Сексот е за брак. Доколку нема почит, значи дека не ме ни сакаат воопшто!“, изјавила манекенката во интервју во 2006 година.


Адријана во животот немала многу емотивни партнери, а по познатиот Србин била во врска и со турскиот писател Метин Хара. Парот бил заедно една година, а разделбата се случила во 2019 година. Уште додека биле заедно се појавиле гласини дека Метин не сака жени, односно дека е хомосексуалец, а нивната врска дел од маркетиншки трик.


По врската со Хара, Адријана го завела турскиот мултимилионер Емир Ујар. Парот не ја криел својата врска, а неколкупати заедно се појавиле и во јавноста. Сепак, нивната врска била краткотрајна, а Адријана својата љубов ја пронашла во прегратките на филмскиот продуцент Андре Лемерс, кому му родила син.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk