[ФОТО] По 22 години и 3 деца, актерот ја напуштил сопругата: Сега ги менува младите девојки како чорапи, но кармата е чудо

Супермен

26/01/2024

15:00

26.778

Големина на фонт

а а а

Ги напуштил сопругата и децата и тргнал во потрага по љубовна среќа, но по неговиот изглед може да се заклучи дека не ја нашол.

Актерот Сајмон Бејкер, популарниот „менталист“, на 53 години се чини дека ја проживува втората младост.

После разводот од долгогодишната сопруга Ребека Риг со која поминал 28 години, од кои 22 во брак и со која има три деца, актерот баш и немал многу среќа во љубовта.


Само два месеци откако се дознало дека се разведува од Ребека, откриено било дека тој е во врска со 16 години помладата австралиска модна дизајнерка Лора Меј Гибс, но сепак таа врска не траела долго.

Крајот дошол по само неколку заеднички месеци. Иако неговиот портпарол тогаш истакнал дека прекинувањето нема врска со нејзините антиваксерски ставови кои ги крие, многумина сепак шпекулираат дека на актерот му пречело токму тоа.


Но, изгледа дека Бејкер не тагувал долго по неа затоа што папарацо фотографите деновиве го снимиле со мистериозна русокоса девојка за која странските медиуми пишуваат дека му е девојка.

Дека работите меѓу нив би можеле да станат сериозни, сведочи и фактот што со нив биле и неговите двајца синови, Клод и Харди.

Сајмон, којшто во последниве месеци малку се запоставил, бил фатен со неуредна брада, додека неговата наводна девојка ја истакнала витката фигура во едноделно бикини.


За синовите на Сајмон, кои се дружеле со нив на плажа во јавноста не се знае многу поради тоа што ниту еден од нив не се однесува како ѕвезда, без оглед на тоа што татко им е планетарно популарен, а главно тие се држат подалеку од очите на јавноста.

Нивната сестра, 29-годишната Стела Бејкер, спротивно од браќата, одлучила да се занимава со јавна работа и како и своите родители да се посвети на актерството. Таа е најпозната по улогата во серијата „The Republic of Sarah“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk