Популарната актерка Сидни Свини се соочила со едно од најдиректните прашања во нејзината кариера кога колешката Аманда Сејфрид ја прашала дали нејзините гради се природни за време на тестот со детектор за лаги.
Познатата актерка без двоумење одговорила на незгодното прашање, и еднаш засекогаш им ставила крај на гласините за пластична хирургија.
За време на гостувањето во „Vanity Fair Lie Detector Test“ Свини (28) седела на жешката фотелја додека нејзината колешка, 40-годишната Аманда Сејфрид ја испрашувала.
„Само морам да те прашам – дали твоите гради се природни?“ прашала Сејфрид, а Свини без двоумење одговорила: „Да!“
Кога Сејфрид продолжила да ја испрашува дали „некогаш имала некаква операција на нив“, актерката решително повторила: „Не, никогаш не сум имала никаква операција никаде“, а детекторот за лаги потврдил дека ја кажала вистината.
Ова не е прв пат Свини да се справува со шпекулации за пластична хирургија. Претходно оваа недела, таа изјавила за „Allure“: „Никогаш не сум имала никакви операции. Премногу се плашам од игли“. Исто така актерката се осврнала на споредбите помеѓу нејзините фотографии од детството и фотографиите од црвениот килим, нарекувајќи ги неправедни.

„Не можете да споредите фотографија од мене кога имав 12 години со фотографија од мене на 26 години со професионална шминка и осветлување. Секако дека ќе изгледам поинаку! Сите на социјалните мрежи се луди!“, истакнала актерката.
Таа дури се пошегувала дека ако нешто „поправала“ лицето би ѝ било симетрично, откривајќи дека сè уште има мала асиметрија поради несреќата со вејкбординг во детството, поради која имала 19 конци во близина на левото око.
Во интервју за „Glamour UK“ во 2023 година, Свини признала дека порано се чувствувала несигурно во врска со големината на нејзините гради и дека сериозно размислувала за операција за намалување на градите.
„Кога бев во средно училиште, се срамев од тоа колку ми беа големи градите. Реков дека кога ќе наполнам 18 години, ќе направам операција за да ги намалам“, рекла таа. Нејзината мајка ја наговорила да се откаже од одлуката, велејќи ѝ на факултет ќе се кае за тоа.
„И многу ми е мило што не го направив тоа. Ги сакам. Тие се моите најдобри пријателки“, додала Свини.
Свини често се шегува на сметка на нејзината фигура, а во јуни откри за „The Times“ дека јаде „како мало дете“, наведувајќи ги чизбургерите, пилешките медалјони и сендвичите со путер од кикиритки како нејзини омилени јадења. „Сè ми оди во градите“, се пошегувала актерката.
За нејзината улога како боксерката Кристи Мартин во биографскиот филм „Christy“, актерката доживеала драматична трансформација. Добила повеќе од 13 килограми мускули благодарение на исцрпувачкиот тримесечен режим на тренирање. „Наутро вежбав со тегови по еден час, на средина од денот вежбав околу два часа кикбокс, а потоа навечер уште еден час тренинг со тегови“, открила таа за „WSJ Magazine“.
Трансформацијата ја направила речиси непрепознатлива. „Моето тело беше сосема поинакво. Не можев да влезам во ниту едно мое парче облека. Градите ми се зголемија. Задникот ми стана огромен. Беше лудо! Но, беше неверојатно, бев толку силна“, истакнала Свини.