„Имавме сѐ што ни треба, а потоа се појави тој...“: Легендарниот тенисер открива зошто навивачите не го сакаат Новак Ѓоковиќ

Супермен

28/02/2024

17:45

10.177

Големина на фонт

а а а

Популарниот американски тенисер, Енди Родик, говорел за Новак Ѓоковиќ, но на малку поразличен начин од сите останати.

Енди во петтата епизода од поткастот „Сервирај со Родик“, на гости го имал Макс Ајзендбад, успешен тениски менаџер.

Меѓу останатите теми, тие зборувале и за најдобриот тенисер на сите времиња, а Родик којшто Ѓоковиќ го победил пет пати во девет дуели, споделил интересен поглед за српскиот тенисер.


Американецот имал несогласици со Новак во текот на кариерата, но и тоа како во минатото умеел да го пофали и да ги величи неговите неверојатни резултати.

Овојпат тој објаснил дека многу од љубителите на тенисот не го сакаат фактот што Новак се вмешал во ривалството меѓу Рожер Федерер и Рафаел Надал.

„Чудно е. Секогаш велам дека чувствувам како тој да е ликот којшто ги распадна The Beatles. Како тој да е Јоко Оно во тенисот. Тој е оној којшто не го сакавме, којшто не ни беше потребен. Веќе имавме ривалство, леворакиот на десноракиот, контраст на стилови“, изјавил Родик и додал:

„Тогаш одеднаш се појави киборг, робот, но исто така и некој којшто игра со многу емоции и рече: Не ме интресира тој ’хајп’, јас сум комплетен играч, не можете да ме надминете, не можете ниту околу мене, ќе ги издржам сите удари. Тоа беше чудно, мислам дека просечен ’мејнстрим’ навивач којшто не е целосно во тенисот би бил лут на него поради тоа“, порачал популарниот Американец.


Енди Родик во текот на долгата кариера стигнал и до првото место и тоа во ноември 2003 година. Освоил 32 титули, вклучувајќи го и УС опен и заработил над 20 милиони долари од награди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk