[ВИДЕО] Популарната Бразилка тврди дека има 50 години, во што многумина не веруваат: „Изгледам младолико бидејќи немам деца“

Супермен

01/03/2024

16:10

6.864

Големина на фонт

а а а

Преубавата Бразилка по име Жил шокирала многумина со својот младолик изглед иако тврди дека има 50 години.

Оваа пејачка редовно објавува видеа за својот изглед и животната волја во средните години. Откако стекнала илјадници следбеници, многумина сè уште одбиваат да веруваат дека има 50 години, бидејќи во кратките маички постојано го покажува совршеното тело и младоликото лице.


И покрај тоа што е родена во 1974 година, редовната корисничка на „TikTok“ ги прави љубоморни дури и девојките кои имаат половина од нејзината возраст. На оваа платформа вирална станала минатата година. Меѓутоа, Џулс не се плаши да ги сподели своите тајни за убавина.

Во краткото видео кое го споделила минатата година, таа напишала: „Возраст – 49 … без деца, часовникот отчукува“, а потоа открила неколку интересни моменти од својот живот.


Од поминување време во теретана до одмор на сонце, се чини дека „TikTok“ ѕвездата ужива во тоа што нема деца, па дури и имплицирала дека оваа одлука ѝ помогнала да остане млада.

Иако можеби е убедена дека го нашла изворот на младоста, други не ѝ веруваат дека има 50 години.


„Немаш 50!!“, гласел еден од коментарите. Некои дури барале и „доказ“, додека дебатата продолжила во коментари. Други, пак, ги прифатиле нејзините години, но и понатаму давале забелешки кои се однесувале на возраста, сугерирајќи дека Жил користела „премногу филтери“ и дека имала „одличен пластичен хирург“.


Но, некои од нејзините обожаватели се сложиле со неа. „Луѓето кои ги гледам во врски и со деца изгледаат исцрпено! Сигурно е до тоа!“, гласел еден коментар. „Немаш деца? Не е воопшто чудно што изгледаш толку младолико“, се пошегувала извесна следбеничка.

Во едно од претходните видеа, Џулс објаснила дека нејзиниот сопруг ја оставил по 25 години брак, велејќи дека е убава и прекрасна, но дека сака да се обиде да најде жена која е уште подобра од неа.


„Мило ми е што си замина, никогаш не сум била посреќна. Го живеам животот со полна пареа и одлично ми е“, навела инфлуенсерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk