[ФОТО] Таа е една од најубавите тенисерки иако нема резултати во белиот спорт: Згодната Унгарка знае како да го привлече вниманието

Супермен

01/03/2024

18:40

7.702

Големина на фонт

а а а

Иако е далеку од светскиот врв на тенисот, згодната Унгарка Фани Штолар знае како да го привлече вниманието во медиумите.

Фани Штолар е родена во Будимпешта пред 25 години, а тенисот почнала да го игра кога имала само три години. Нејзините родители се големи обожаватели на белиот спорт, па така и таа започнала да тренира кога била многу мала.

Унгарката моментално го зазема 271 место на WTA листата, додека најдобриот пласман во кариерата ѝ бил 114 место пред шест години. И тоа говори дека никогаш не се прославила во овој спорт, меѓутоа тоа не ѝ пречи.

Таа е многу популарна во својата земја, а на социјалната мрежа Инстаграм ја следат 123.000 луѓе.

Фани никогаш во кариерата не направила големи резултати на некој од WTA турнирите, додека на гренд слемовите најголемиот успех ѝ бил второто коло на Австралија опен во 2019 година и двапати на УС опен, во 2017 и 2018 година.

Фани во текот на својата кариера освоила само две ITF титули, додека многу повеќе успеси имала во дабл натпреварувањата каде стигнала до три трофеи на WTA турнирите.

Може да се каже дека таа е специјалист во таа област, а најмногу играла со Шпанката Хеорхина Гарсија Перез и Романката Михаела Бузарнеска. Со нив двапати освоила титула во Будимпешта.

Во слободно време оваа тенисерка се занимава со моделинг, а за таа цел особено ги користи социјалните мрежи каде е активна на неколку профили.

Таа рекламира долна облека и костими за капење, а голема поддршка има и од момчето Которман Акоша, којшто исто така е успешен тенисер од Унгарија.

Фани поголем дел од своето време го поминува во теретана каде многу работи на своето тело. Интересните видеа од таму ги споделува со своите фанови на социјалните мрежи.

Таа сака и да планинари, а расположена е и часовите да ги поминува во прошетки или пливајќи во базен.

Таа исто така многу сака да ги посетува егзотичните дестинации, па често споделува фотографии од плажите во Малибу САД или од казина во Лас Вегас.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk