[ФОТО] Првоаприлска шега или одличен маркетиншки потег? Римац најави: „Пристигнува духовен наследник на Југо“

Супермен

02/04/2024

14:30

7.213

Големина на фонт

а а а

Основачот на „Rimac Automobili“, Мате Римац, на својот Фејсбук профил објави нешто што предизвика големо внимание кај неговите следбеници.

Римац, имено, објави фотографија од новиот концепт на автомобил, но не е јасно дали станува збор за шега или одличен маркетиншки потег бидејќи, да потсетиме, вчера беше 1-ви април.

„Ќе откриеме нешто посебно на 26-ти јуни. Некои медиуми шпекулираа дека доаѓа хот хеч - погодија. Одлучивме да не ве тераме да чекате до јуни, па еве го... духовниот наследник на Југо - во секој поглед. Конечно нешто за луѓето“, напиша Римац на Фејсбук.

We will unveil something special on the 26th of June. Some media has speculated that it will be a hot hatch. Well, they...

Posted by Mate Rimac on Monday, April 1, 2024

Добар дел од неговите следбеници беа сомнителни, па коментираа дека станува збор веројатно за првоаприлска шега, но дека сепак звучи одлично и дека ќе биде хит на европскиот пазар.

Некои, пак, се убедени дека станува збор за вистинска најава, а изборот на датум е само маркетиншки трик.

Инаку, хот хеч е ознака за спортска верзија на некој „обичен“ автомобил - поголемиот дел од овие автомобили потекнуваат од Европа или Азија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk