[ФОТО] Карлос од „Очајни домаќинки“ денес изгледа вака, а жените и натаму воздивнуваат кога ќе го видат: Тој е во среќен брак речиси 20 години

Супермен

11/04/2024

09:40

9.080

Големина на фонт

а а а

„Очајни домаќинки“ и денес е една од најпопуларните серии, а кога премиерно се емитуваше од 2004 до 2012 година ретко чија актерска постава била толку популарна.

Иако жените беа во фокус, сепак и машките членови од екипата и тоа како беа забележани.

Неодамна се присетивме на романсата меѓу Габриел Солис, чиј лик го толкуваше Ева Лонгорија и нејзиниот млад градинар, меѓутоа ништо помалку забележан не беше ниту нејзиниот сопруг во серијата, Карлос чиј лик го толкуваше Рикардо Чавира.


Интересно е тоа што додека траело снимањето на серијата, фановите навивале Ева и Рикардо навистина да се вљубат, но тие останале само добри пријатели. Актерката тогаш била во брак со кошаркарот Тони Паркер, а Рикардо во 18-годишна врска со Марсеа Дисел пред да ја запроси во текот на снимањето на серијата.

Парот се венчал во 2007 година, а денес важат за еден од најстабилните холивудски парови.

Чавира зад себе има многу долга и успешна кариера, а забележал и низа важни улоги во театар, снимил повеќе холивудски филмови и има многу улоги во успешни телевизиски серии.


Иако ретко се појавува во јавноста, во октомври 2019 година го искоментирал случајот на својата колешка од серијата откако актерката Фелисити Хофман беше осудена на затворска казна поради подмитување администрација на еден колеџ за нејзината ќерка незаслужено да се запише на истиот, а тој тогаш на Твитер напишал дека треба да биде построго казнета.

Како и да е, фановите го обожуваат и секогаш одново се радуваат кога ќе го видат на црвениот тепих.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk