Албанската пејачка бакнала многу жаби пред да го најде принцот: Момчињата ги изневерувала, а сопругот ѝ дозволува односи во тројка

Супермен

19/04/2024

12:17

15.328

Големина на фонт

а а а

Љубовниот живот на пејачката Рита Ора е преполн со скандали кои и денес ѝ се познати на јавноста.

Музичката ѕвезда Рита Ора, често е во центар на внимание поради своето контроверзно однесување.

Откако пред неколку месеци се појави со српско знаме на сцена на свој настап, луѓето ја „распнаа“ на социјалните мрежи.


Пејачката често ги полнеше страниците од магазините и поради своето скандалозно однесување, додека во прв план биле нејзините љубовни афери, а откако го запознала Таики одлучила да се смири.

Имено, Рита во минатото често ги менувала момчињата, па нејзините љубовни романси не траеле подолго од една година. Пејачката исто така сака да флертува, но и секс во тројка.


Таа не се срами да ги заведува и оженетите мажи, а сите се сеќаваме кога јавноста ја осуди поради дружењето со зафатениот ММА борач Конор Мекгрегор со којшто се забавувала една вечер во клуб додека неговата сопруга била во друг град.

Скандалозната пејачка ја добила титулата прељубница откако нејзиното поранешно момче Роб Кардашијан открил дека Рита го изневерила со 20 мажи.

„Морав да бакнам многу жаби пред да го најдам принцот“, изјавила оваа пејачка.


Таа често ги менувала своите момчиња, а романсите одвај да ѝ траеле по една година. Меѓу неуспешните ромаски била и онаа со Келвин Харис и Луис Хамилтон, а со Келвин неколку пати безуспешно ја обновувала романсата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk