Кога се зборува за водењето љубов, вообичаено постои голем јаз меѓу она што мажите го мислат за својата умешност во кревет и женскиот поглед на сексот.
Сепак, тоа не значи дека некои работи не можат да се поправат и водењето љубов да се претвори во обострано задоволство.
Според зборовите на Трејси Кокс, експерт за секс и врски, на жените во сексот најважни им се овие машки карактеристики.
Кога имате односи со нов партнер потребно ви е време да се усогласите. Најлесно до обострано уживање ќе дојдете со слободна комуникација во кревет. Мажите често трпат голем притисок којшто носи добар или лош секс, но и нивното его во кревет може да биде поголемо во однос на женското.
И мажите и жените еднакво сакаат да го восхитат партнерот, додека мажите често имаат поголема потреба тоа да го докажат. Спомнувањето на своето богато сексуално искуство или инсистирање на тоа дека поседува единствена техника, секако дека не е добро. Таквото однесување најчесто ги одбива жените затоа што освен што делуваат препотентно, тоа ги зголемува очекувањата кои тогаш мажите тешко или никако не можат да ги исполнат.
Непишано правило е дека мажот прво треба да го почека нејзиниот, а потоа да се посвети на својот оргазам. Мажите кои никогаш или само на почеток од односот не покажуваат желба да се посветат на нејзиното задоволство, ретко подоцна ќе добијат шанса да го поправат тоа.
Избегнувајте неоригинални „лигави“ комплименти затоа што жените брзо ги препознаваат и не сакаат да ги слушнат. Искрените и едноставни комплименти на сметка на нејзиниот карактер, личност или изглед се показател дека сте искрени и заинтересирани за неа.
После сексот со новиот партнер понекогаш не знаете што да правите и како да се однесувате затоа што сѐ уште не се познавате доволно. Секогаш во таквите ситуации тешко е да знаете што е исправна постапка, а што не.
Доколку не знаете што да правите, подобро е тоа искрено да го кажете отколку да бегате од ситуацијата. Најдобро е да се однесувате што поприродно, што значи дека не е добро ни да инсистирате на галење, како ни да давате преголеми љубовни изјави.
„Подобро поканете го партнерот нешто заедно да јадете“, предложила Трејси Кокс.