„Среќата не ги следи само храбрите, туку и оние кои веруваат дека тука им е местото“: 15 цитати на Новак Ѓоковиќ кои можат да ви помогнат да ги остварите целите

Супермен

22/05/2024

14:07

10.586

Големина на фонт

а а а

На денот кога најдобриот тенисер во историјата на овој спорт слави роденден, се потсетуваме на некои негови цитати кои можеби ќе ве мотивираат.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска го слави својот 37-ми роденден, во што ретко кој може да поверува кога ќе го види на теренот.

Статистички најдобриот тенисер на сите времиња освојува трофеи и урива рекорди од турнир во турнир, неодамна повторно ја доби наградата Лауреус за најдобар спортист на годината, а и многу помладите и врвни играчи не можат да се изборат со него и да го совладаат.

Многу е зборувано за Новак, специјалниот режим на исхрана и начинот на тренирање кои го довеле до светскиот врв и го претворија во феномен, но една од клучните работи е неговиот карактер.


Секогаш „гладен“ за нови успеси и подготвен за борба дури и кога ситуацијата изгледа безизлезна, Ѓоковиќ пред сè е познат по својата ментална сила, а ова се дел од неговите цитати кои можат да ви послужат како инспирација пред најголемите предизвици.

- Мислам дека среќата не ги следи само храбрите, туку и оние кои веруваат дека тука им е местото.

- Кога размислувам за „Златниот слем“, се ежам и чувствувам пеперутки во стомакот.

- На теренот е важно да се има верба. На крајот на денот, сè се сведува на психата. Во тие моменти кога играте против големи шампиони како што е Рафа, треба да верувате. Важно е да не се откажувате и да ризикувате. Јас отсекогаш сум верувал, но тоа е процес кој се учи.

- Притисокот е дел од она што го правиме. Тој е секогаш присутен.

- Сè во животот е лекција.


- Мора да бидете доследни во успехот за да бидете меѓу најдобрите тенисери во светот и тогаш сè е можно во животот.

- Повеќе од сè, треба да веруваме во себе.

- Секоја година носи нови предизвици и препреки. А вие морате да се приспособите.

- Тенисот е психичка игра. Сите се физички подготвени, секој има одличен форхенд и бекхенд.

- Најголемиот дел од проблемите поради кои бев потиштен ги предизвикував јас самиот. Имаше периоди кога не бев доволно одговорен или одлучен.

- Кога ќе се одигра и последниот поен, ние и понатаму сме луѓе. Прегрнете го противникот, кажете му: „Одлична борба“ и тоа е тоа.


- Победник е оној кој повеќе верува во победа.

- Мојот приоритет, најважното нешто во мојот живот е семејството, мојата сопруга и децата.

- Во мојот случај, можам да кажам дека ништо не е невозможно. Кога на 7-8 години реков дека сакам да бидам светски број еден, многу луѓе ми се смееја затоа што изгледаше како да имам еден процент шанса за тоа - но јас го направив тоа.

- Знам дека успехот не доаѓа наеднаш, дека не се постигнува преку ноќ. Тоа е резултат на многу, многу, многу години напорна работа и труд да ги постигнете целите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk