Посета на познат супермаркет во Швајцарија: „Ова се цените на храната, доматите се посебна приказна, а дезодорансот поевтин од кај нашите соседи“

Супермен

31/05/2024

17:41

20.813

Големина на фонт

а а а

Швајцарија со години е на многу листи за најдобри земји за живеење. Дополнително, покрај Германија и Австрија, во оваа земја има најмногу Балканци, кои работат најразлични работи за високи плати.

Швајцарија е една од политички и најстабилните земји во светот, но и една од омилените дестинации на економските мигранти.

Цените во швајцарските супермаркети се познати како високи, а српски „Блиц“ посетиле еден од нив со цел да ги споредат цените.


Еве што затекнале:

Векна леб во типична швајцарска продавница чини помеѓу 1,2 до 3,5 швајцарски франци (chf).

Шише вода од половина литар чини 2,25 chf. За 100 грама чоколадо ќе платите 2 chf, во просек. Лименка пиво чини околу 0,7 chf, додека грицките, конкретно чипс од 150 грама – 2,5 chf.

Килограм банани е 2,69 chf, додека портокалите се 2,99 chf. За јаболката потребно е да се издвојат 3,95 chf за килограм.

Изненадувачка е цената на доматите, која чини 3,49 chf по килограм. Пиперките се 2,79 chf, а компирите 3,99 chf.

Меленото месо во просек е помеѓу 7 и 9 chf по пакување, додека килограм батаци е 6,49 chf.

Сувомеснато: Од 1,2 chf за 100 грама пресувана шунка, а цените се до 3,99 за 100 грама пршута.

Нудлите во швајцарскиот пазар кој го посетиле биле по 2,5 chf.


Додека дезодорансот, чија цена често се споредува по земјите, овде е 5,5 chf.

Курсот до денешен ден за chf е 62,81 денари.

Инфлацијата во Швајцарија паднала на 1,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во Швајцарија во февруари паднала од јануарските 1,3 отсто на 1,2 отсто и е најниска од октомври 2021 година, објавил неодамна на својата веб-страница Швајцарското федерално биро за статистика BFS.

Цените на храната и безалкохолните пијалаци во февруари се зголемиле за 0,8 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од јануарските 2,3 отсто.


Услугите во рестораните и хотелите пораснале за 2,1 отсто на годишно ниво, рекреацијата и културата за 1,7 отсто, алкохолните пијалаци и тутунот за 0,6 отсто, но во сите наведени случаи растот на цените бил побавен во однос на јануари.

Годишната стапка на базичната инфлација во Швајцарија во февруари паднала од јануарските 1,2 отсто на 1,1 отсто. На месечно ниво инфлацијата во Швајцарија се зголемила за 0,6 отсто.

 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk