[ВИДЕО] „Каде исчезнаа ваквите мажи, вратете ги!“: Снимка од 1997 година предизвика лавина од коментари кај жените

Супермен

20/06/2024

19:40

6.287

Големина на фонт

а а а

Видеото кое прикажува како мажите изгледаа некогаш предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

Велат дека за вкусовите не се расправа, особено во време кога трендовите се менуваат со брзината на светлината. Жените во последно време се во центарот на вниманието поради естетските интервенции кои станаа составен дел од разубавувањето, но овојпат коментарите се насочени кон мажите, а „виновник“ за тоа е едно видео од 1997 година кое стана вирално.


Станува збор за ревија на „Valentino“, а многу жени истакнале дека „таква елеганција повеќе не постои“. Ако може да се суди по нивните коментари, денес се актуелни трендови кои подразбираат далеку поинаква машка облека. Многумина напишале дека мажите сега повеќе носат потесна гардероба, како и дека тоа „ја убива мажественоста“.


„Каде исчезнаа ваквите мажи, вратете ги!“, „Кога мажите беа мажи“, „Не сите мажи изгледаа така, но беа добар пример“, „Фантастичен стил кој треба да се врати“, „Ова се манекени, не сите мажи изгледаа вака, но вистината е дека се променија како и жените“, „Мажите беа толку сексапилни, што се случи?“, гласат дел од коментарите под снимката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk