„Молете се вашите деца да бидат Симон Кјер“: Кој е данскиот фудбалер кој денес со право го нарекуваат модерен херој?

Супермен

02/07/2024

19:10

5.437

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот Симон Кјер се најде во центарот на вниманието на светската јавност поради снаодливоста и големата добродушност која ја покажа кога му укажа помош на својот соиграч, фудбалерот Кристијан Ериксен, откако тој колабираше на теренот поради срцев удар.

Кристијан Ериксен ненадејно се сруши на теренот на натпреварот против Финска на Европското првенство во 2021 година.

Заедно со англискиот судија Ентони Тејлор и медицинските тимови, централниот дефанзивец Кјер беше „прогласен за херој“ поради неговата брза и храбра реакција, пренесува „Sky News“.


Меѓу првите кои дотрчаа до Ериксен беше Симон, кој најпрвин му помогна на фудбалерот, а потоа ги наведе данските играчи да формираат круг околу него додека му беше укажувана помош, за да го заштити од камерите и љубопитните погледи.

Потоа Симон отиде до публиката и ја тешеше Сабрина Квист Џенсен, избезумената сопруга на Ериксен.

Брзо размислување на херојскиот капитен

Кога Ериксен колабираше, Кјер „ја претрча должината на теренот и тргна во акција“, пренесува шпанскиот весник „Marca“. Неговото брзо размислување одигра клучна улога во спасувањето на животот на неговиот соиграч: го измери пулсот на Ериксен и се увери дека неговиот јазик не ги блокира дишните патишта.

Ѕвездата на Милан ги „оттурна другите играчи за веднаш да го постави Ериксен на позиција за прва помош“, додаде „Sun“. Тој работел на тоа да го спречи Ериксен да го голтне јазикот, а потоа донел „спасоносна одлука да започне со кардиопулмонална реанимација“.

Лекарите потоа ја презедоа работата во свои раце пред играчот на Интер да биде пренесен во болница.

Опишувајќи го Кјер како „капитен и херој“, новинарот на „Sky Sports“, Анџело Манџианте го пофали Данецот за неговиот „херојски чин“.

Кјер покажа „што навистина значи да се носи лентата и да се води група мажи“, изјави Алан Фехели од „Football Espana“.

„И покрај трауматичната ситуација, тој остана смирен“.

Подоцна на социјалните мрежи почнаа да се нижат објави, а една беше особено интересна:

„Драги родители, од денес немојте да барате од Бог од вашиот син да направи нов Меси или Роналдо. Молете се да стане човек како Симон Кјер“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk