Ново поглавје на техничка виртуозност: реинтерпретација на идејата за ротирачки дизајн на куќиште, лимитирано издание на Jazzmaster Face-2-Face III. Истакнувајќи ја стручноста во производството на часовници и креативноста во дизајнот на прв план, овој нов часовник со две лица додава суптилен пресврт на еден од најистакнатите часовници на Hamilton.
Со своето издавање во 2013 година, Jazzmaster Face 2 Face станува пионер на сосема нова територија во часовничарството на Hamilton: концептот на двостран дизајн.
Од Hamilton гордо ни го објавуваат своето трето издание, Jazzmaster Face 2 Face III, ограничено на 999 парчиња. Овој иновативен Jazzmaster Face 2 Face III има ротирачко куќиште од 44мм и два бројчаници. Главниот бројчаник има сложена структура, прикажувајќи го времето на надворешниот прстен, додека трите под-бројчаници го мерат поминатото време во часови, минути и секунди.
Кога ќе се заврти куќиштето од другата страна, вториот бројчаник содржи таxиметарска и пулсометарска скала, овозможувајќи им на активните љубители на животниот стил да ја мерат брзината и да го следат нивниот пулс. Часовничарското мајсторство на Hamilton доаѓа до израз благодарение на скелетниот дизајн на бројчаникот, кој овозможува поглед на механизмот - автоматски хронограф H-41 со резерва на енергија од 60 часа.
Комбинирајќи го неконвенционалното и класичното, Jazzmaster Face-2-Face III е збогатен со кафеаво кожно ремче со ефект на патина, дополнета со син конец од двете страни за впечатлив контраст и спортски изглед.
Со својата комплексна естетика и разновиден изглед, Jazzmaster Face 2 Face III ги менува правилата, внесувајќи иновации со потрадиционално куќиште.
Овој часовник со ротирачки дизајн е создаден за оние кои сакаат да се истакнат.