„Родена сум со 2 полни органи, едниот го користам за сопругот – од другиот заработувам“: Исповедта на Евелин го шокирала светот, а вели и дека …

Точка

16/07/2024

15:30

25.454

Големина на фонт

а а а

Евелин Милер (31) од Австралија е родена со состојба „uterus didelphys“, односно со два целосно одвоени репродуктивни системи. Тоа значи дека таа има две посебни вагини, две грла на матката, две матки и два јајника, по еден за секоја матка.

Таа е мажена, мајка на две деца, може да забремени со двата системи и има интимни односи со двата репродуктивни органи.

Меѓутоа, Евелин не знаела отсекогаш дека нејзината состојба е нормална, но ретка.


„Секогаш знаев дека нешто навистина не е во ред со мене, додека бев помлада. Добив менструација, но тампоните никогаш не делуваа. Се сеќавам како ѝ реков на мајка ми дека не ми помагаат воопшто“, се присетила Евелин, додавајќи:

„Тогаш сексот ми беше многу, многу чуден. Секој пат кога имав однос, вагините ми се вртеа навнатре, двете ми се чинеа многу различни и не можев да сфатам што се случува“.

Дури кога Евелин забременила, сфатила за што станува збор. Тогаш имала 20 години, па со оглед на тоа што сè уште била млада за мајчинство, одлучила да абортира, но на почетокот не одело онака како што планирала.


„Бев на абортус, но откако се разбудив ми рекоа дека сè уште сум бремена и дека имам две вагини, како и дека ќе морам да направам уште еден абортус“, се сеќава таа.

„Значи, начинот на кој дознав беше несомнено трауматичен, но воедно и големо олеснување“, изјавила Евелин, пишува „The Daily Star“.


Исто така, таа изјавила дека има две менструации и дека едната обично трае малку подолго од другата, па мора да комбинира употреба на тампони, бидејќи кога се шират истовремено, тоа може да боли.

Евелин, која сега е мајка и сопруга, има своја „OnlyFans“ страница и вели дека поради својата состојба нема чувство дека го изневерува сопругот, со оглед на тоа што едниот орган го користи само за него, а другиот за работа.


„Доколку на едниот орган му требаше одмор, го користев другиот. Спиев со повеќе од 500 мажи и никој од нив не забележа дека се разликувам од останатите жени. Исто така, фактот што имам два органи ми помогна да ја одвојам професијата од мојот приватен живот. Фрустрирачки е фактот дека морам да правам сè два пати, кога се тестирам за болести или посетувам гинеколог, секогаш морам одново да ги убедувам дека навистина имам два полни органи“, зборувала Евелин.


Иако докторите ѝ рекле дека постојат мали шанси да роди дете, нејзиниот сопруг Том, со кој стапила во брак во 2022 година, и таа, добиле две деца, Ендру и Џорџија. Евелин вели дека е пресреќна поради тоа и дека добивала пораки од жени со слични проблеми.

Децата ги родила со царски рез, но самиот чин на породување бил трауматичен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk