Музичарот Горан Бреговиќ неодамна одлучил луксузната вила во Пераст, град во крајбрежниот регион на Црна Гора, која ја поседува повеќе од 10 години, да им ја понуди на сите туристи со длабоки џебови, па неодамна овој објект може да се најде во понуда на позната веб-страница за изнајмување на недвижности.
Цената за изнајмување е 1.400 евра дневно, во текот на јули и август, па за четири дена во вилата на Бреговиќ потребно е да се издвојат дури 5.600 евра.
На споменатата веб-страница пишува и дека вилата има прекрасен поглед на морето и на Пераст и дека во неа можат да се сместат најмногу девет лица. Во вилата се наоѓаат неколку спални соби, од кои едната има огромен брачен кревет, едната е со стандарден брачен кревет, две имаат два одвоени кревети, а едната има поединечен и брачен кревет, што значи вкупно девет кревети.
Рајот на Брега на земјата има надворешен базен и неколку тераси на кои можете и да ручате, додека на некои од нив се поставени и лежалки за да можете на нив да се сончате и да уживате во текот на денот.
Во вилата се добредојдени и деца и домашни миленици, за кои не се наплаќа дополнително, но музичарот не им дозволува на гостите во неа да пушат или да организираат забави од каков било вид.
Ѕидовите на вилата се украсени со бројни уметнички дела, а во трпезаријата има слика на која е прикажана пародија на „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи.
Музичарот ја купил оваа луксузна вила пред повеќе од една деценија со цел на сопругата и ќерките да им обезбеди идеално место за одмор. Оваа зграда се вклопува во архитектурата на прекрасно црногорско гратче, па величествената вила е изградена во бел камен, опкружена со двор и со ѕидови, како и со медитеранска вегетација за да може семејството да има интимност за време на нивниот престој. Вилата е реновирана во 2015 година, а Брега инвестирал 20.000 евра во реновирање на куќата на Јадранот.
Музичарот сè уште не се огласил по овој повод.