„Мојот сопруг ги обожува мојот задник и гради, имам 44 години и преубава сум“: Некогаш совршено тело, сега вишок килограми – но, не ѝ е воопшто грижа, блеска од самодоверба

Супермен

12/08/2024

16:17

36.043

Големина на фонт

а а а

Поранешната актерка Кели Брук, која неодамна се прости од актерката кариера, летово ужива во Лондон – каде што живее со години. Забележана била во нејзиниот препознатлив моден стил, додека не запираат критиките на сметка на нејзиниот физички изглед.

Титулата жена со совршено тело ја добила пред неколку години, а ѝ ја доделиле научниците од Универзитетот во Тексас, велејќи дека идеално женско тело е она со обем на гради од 93 см, струк од 61 см и колкови од 87 см., истакнувајќи дека БМИ-то на Кели Брук тогаш изнесувало 18,85. Во меѓувреме, оваа позната Британка водела борба со килограмите, но како што истакнува, не би сакала да биде послаба ниту пак да носи „нула“ големина.


Кели Брук вели дека сега ја одржува добрата форма, со помош на диета и фитнес. Појадокот зависи од нејзините планови, но најчесто на менито има гранола и кафе, како и шејк за носење, доколку ѝ се брза. Таа, исто така, зема шејк за ручек, а вечерата никогаш не ја пропушта. Тоа е „свето“ време за неа и нејзиниот сопруг Џереми Париси, кој се погрижува да имаат обилна, но здрава вечера на масата кога ќе се врати дома од снимањето на нејзината емисија на „Heart Radio“.


„Доаѓам дома и ме чека добро зготвен оброк. Тој е многу мил, секогаш пали мала свеќа ја поставува масата. Тој е со италијанско-француско потекло, па поентата е да седнеме и да јадеме заедно, така што го правиме тоа – воедно и многу шетаме. Се трудиме да ја одржуваме формата и здравјето. Имаме куче, па за викендите одиме надвор – пешачиме два часа. Сакаме тоа да го правиме. Тоа е нашиот стил на живот, радо би биле надвор додека го шетаме кучето, отколку да седиме дома и гледаме филм.


Таа истакнала дека нејзиниот сопруг ѝ помага да се одржува во форма и да биде здрава, но истакна дека не сака да ослабне: „Тој е Италијанец, па сака голем задник и гради – па не морам да се грижам за тоа.“

Таа изјавила: „Треба да сфатите дека никому не му е важно како изгледате освен на вас самите. Доколку пробувате да изгледате на одреден начин, за притоа да задоволите нечии критериуми – тоа е борба без крај. Среќна сум и самоуверена и мислам дека мојот сопруг не ја забележува мојата тежина кога таа варира … доколку се чувствувате добро, тоа ве прави сексапилни.“


Таа се потсетила како луѓето претходно го коментирале нејзиниот изглед: „Често ме нарекуваа жена со облини кога се занимавав со манекенство, кога бев типична жена со нормален изглед. Бев многу послаба отколку што сум сега!


Во тоа време, јас бев пионер за моделите со „облини“ бидејќи тогаш сè се вртеше околу слабиот, „откачен“ изглед, а работев со брендови за долна облека кои ги славеа облините. Пазарот на машки списанија, исто така, поддржуваше облини, така што тие списанија поддржуваа девојки кои наликуваа на мене, додека женските списанија не.

Мислам дека толку многу напредувавме, па сега умееме да прифатиме толку различни облици и величини.“


Таа заклучила: „Верувам дека мојот сегашен изглед е шок за луѓето доколку во своите глави и понатаму ме гледаат како истиот модел од деведесеттите. Сега сум 44-годишна мажена жена која работи на радиоемисија, тоа се само две различни жени. Не можете да ги споредувате. Не сакам да се враќам назад, сакам да одам само напред. Навистина ми е пријатно како изгледам. Толку ми е драго што повеќе немам никаква грижа во врска со тоа. Значи, доколку луѓето ме видат и помислат: ’Боже, таа е непрепознатлива‘, би требало да разберат. Тоа нема никаква врска со мене, сè е до нив … Не сум загрижена бидејќи сум сигурна дека и тие изгледаат поинаку од пред 25 години“, пренесува „Daily mail“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk